Софтвер и веб решенија

Софтвер за магацинско, материјално-финансиско работење со мобилна продажба

Софтверот се користи за управување со магацин, влез/излез на роба, менаџирање со добавувачи и клиенти, продажба, разни финансиски и материјални извештаи и мобилна продажба преку апликација за смартфони.

Поддржува повеќе типови на кориснички профили со различни привилегии кои можат да работата преку софтверот и мобилната апликација со користење на интернет.

C# .NET, MSSQL , JQuery Mobile, Phone Gap, HTML 5, Web Services

Апликативен софтвер за распределба на буџет и човечки ресурси

Основна примена има во корпорации кои работат на повеќе проекти истовремено и невладини организации кои соработуваат со повеќе институции или останати НВО за еден ист пообемен проект.

Овозможува работа со повеќе модули со различни кориснички привилегии за креирање и следење на распределба на буџет, управување со трошоци, водење евиденција на банкарски трансфери,промена на валути,распределба на трошоци за одредени цели и периоди и сл.

C# .NET, MSSQL

Информациски систем за креирање и евиденција на Каско полиси и АО+ за осигурителни компании


Овозможува работа на сите корисници(агенти и менаџери) во една осигурителна компанија во областа на креирање и евиденција на каско полиси и автоодговорност плус осигурување.

Апликацијата со главната база е имплементирана на сервер до кој преку интернет пристапуваат сите корисници од филијалите на осигурителната компанија.

PHP, MySQL

Интернет апликација за евиденција на осигурителни полиси наменета за филијали


Овозможува работа на агентите и менаџерите во една осигурителна филијала во областа на евиденција на полиси од сите видови на осигурувања.

Апликацијата овозможува внесување на основни податоци за осигурениците, основни параметри за полисата(бр на полиса, скаденца, начин на плаќање и сл) врз основа на кои му се генерираат разни статистички и финансиски извештаи со начин на плаќање.

PHP, MySQL

Елекронски дневник за основни и средни училишта


Информациски систем за водење на евиденција на поведението на учениците преку интернет од страна на нивните родители во едно училиште. Составено е од 3 модули и тоа : администраторски модул, модул за професорите и модул за родителите.
Со помош на оваа апликација професорот може да внеси информации, оценки,забелешки и изостаноци за учениците на кои им предава, а истовремено родителот може преку интернет(веб или мобилен телефон) да ги следи најновите информации во врска со поведението и успехот само на своето дете

PHP, MySQL

Интерактивен портал (социјална мрежа) за слаткарска индустрија во Македонија – tortijada.mk


Претставува база на податоци на слаткарската индустрија во Македонија во вид на профили,фотографии, видео материјали и рецепти, совети за готвење, украсување на торти и колачи.

Интерактивна поврзаност со друштвени социјални мрежи (Facebook, Twiter) и комуникација меѓу членовите на порталот преку имплементиран чет ,коментирање, оценување , воведување на наградни игри, гласање и сл.

CMS Joomla и Community Builder

Софтверско веб решение за спортски натпревари

Овозможува преглед по лиги и спортови на спортски натпревари, креирање на тикети, преглед и следење на тикет.
Опфаќа 3 модули со различни пристапи: администраторски,операторски и јавен модул, сите со различни привилегии и функции зависно од потребите.
Претставува забавна веб платформа за воведување на наградни игри преку СМС и клуб картички за кладилници.

C# .NET, C/C++ со MSSQL