Android мобилни апликации

Top Travel - мобилна апликација за туристички понуди (линк до Google Play)

Top Travel е наменета за сите оние кои сакаат да патуваат и навремено да бидат известени за тековните актуелни понуди на туристичките агенции во текот на целата година.
Веднаш по инсталирањето на апликацијата подесувате каде сакате да патувате и до која цена. Овие подесувања можете да ги менувате во текот на целата година зависно од типот на понудите.
Тековните понуди на туристичките агенции ги добивате веднаш штом бидат објавени,во вид на звучно известување (push notification).
Сите понуди се прикажани со опис, фотографии, цена и период. По изборот на соодветната понуда можете директно да ја контактирате агенцијата со повик преку апликацијата за да ја резервирате избраната понуда или да ги погледнете подетално сите понуди преку линкот кон сајтот на агенцијата. Освен преглед на вашите известувања, можете да ги погледнете и сите останати понуди поделени по менија, пр. топ понуди, last minute, city break, празници и сл.


Mebel Info - мобилна апликација за саеми и салони за мебел (линк до Google Play)

Мобилна апликација наменета за користење за време на саем или во салоните за мебел и внатрешно уредување. Се користи на тој начин што секој производ има сопствен QR код кој се скенира и корисникот добива детални информации за мебелот/производот заедно со опис, цена, фотографии и сл.

Овие информации се поврзани со дигиталната картичка на производителот или дистрибутерот која содржи општ опис за фирмата, контакт информации, google мапа и каталог. Корисникот може да го стави скенираниот производ во омилени, да го испрати по e-mail или да се сподели на Facebook.
Постои и мени со најомилени производи на корисникот и сите корисници, месечни понуди и сл.


E-Menu - мобилна апликација за угостителски и туристички објекти наменета за таблети

Е-Menu е IT решение за угостителски и туристички објекти кои се стремат кон своја постојана модернизација и следење на новостите во угостителството. Наоѓа одлична примена во ресторани,синџири на брза храна, хотелски комплекси, спа центри и сите видови на угостителско-туристички објекти кои нудат повеќе видови на услуги.

Покрај примената во вид на дигитално мени за преглед и правење на порачки, E-Menu може да се користи како информативно и маркетинг средство за презентација на соработниците на угостителско-туристичкиот објект.