|
Центарот за енерготерапија и рехабилитација “Константин”, делува на полето на кинезитерапијата, рехабилитацијата, енергетската медицина како и физиотерапијата.
Постојат повеќе видови на терапии кои секојдневно се практикуваат врз пациентите со одреден интензитет и зачестеност кои се индивидуални за секој пациент.
Во центарот работи стручен тим на масери, физиотерапевти, медицински сестри како и енергетски терапевти како асистенти во работата на Константин.Центарот располага со околу 6 простории во кои се вршат разновидни третмани на пациентите од видот на: енерготерапија,магнетни терапии,ултразвук,разни видови на масажи,електричен кревет,кади за хидромасажи и др.
Сето ова бара современо софтверско решение кое ќе овозможи: креирање на досиеја на пациентите,компјутерска евиденција на третманите , систем за закажување на третманите,комуникација на сите вработени лица за следењето на текот на третманите и сл.
Предходна
ситуација
Центарот не располагаше со соодветен систем кој одговара на секојдневната работа,при што се соочуваше со следниве проблеми
- Закажувањето на третманите се правеше рачно и неавтоматизирано
- Не постоеше компјутерска комуникација помеѓу вработените за следење на третманите
- Следењето на третманите се правеше рачно
- Немаше комјутерска евиденција околу досиејата на пациентите и нивните третмани
- Не постоеше софтверски систем од кој ќе може да се извлечат
потребни извештаи и
информации за пациентите
- Неможност за контролирање на работата на вработените
Имплементирано решение
Сите простории во Центарот располагаат со комјутерски систем во кој е воведен Medicus и се направени потребни промени за прилагодување за секојдневна работа.
Софтверското решение Medicus е прилагодено да овозможи користење на 3 вида на модули: модул за м-р Константин Кајшаров,модул за секретарката и модул за докторите и масажерите. Секој од нив се најавува на системот со свое корисничко име и лозинка за соодветниот модул.
Просториите каде што се вршат третманите се во постојана меѓусебна комуникација за следење на третманите како и комуникација со чекалната до која праќаат информации за редот на пациентите и сумата која треба да ја платат за извршениот третман.
Во чекалната секретарката се најавува на системот со свое корисничко име и лозинка со што има пристап само до системот за закажување и водење на дневна евиденција на закажаните третмани.
Со самото закажување на третманот (по телефон или лично) се креира и досие на пациентот со неколку основни податоци кои се дополнуваат со неговото следното доаѓање.
Со ова решение се олеснува закажувањето и пребарувањето на слободен термин ,преглед на листа на чекање и се елиминираат сите грешки при закажувањето.
Во просторијата на м-р Константин Кајшаров каде што се врши енерготерапијата, Medicus му овозможува
целосен пристап до сите модули од програмата како и преглед на архивата на потврдените третмани од страна на вработените .
По пребарувањето на досието на пациентот се отвара последната терапија што била извршена , како и преглед на сите останати третмани.
Доколку има потреба од друг вид на терапија м-р Константин Кајшаров со помош на Medicus ги внесува соодветните параметри(вид на третман,времетраење,дијагноза,цена и сл) непроменливи од страна на персоналот и го упатува пациентот во соодветната просторија.
Во просториите за масажа се користи соодветниот модул на Medicus кој вклучува соодветен аларм за почеток и крај на масажата.
Масажерите се раководат според претходно поставените параметри(вид и времетраење на масажата,забелешка и цена) од страна на м-р Константин Кајшаров кои се внесени во досието на пациентот.Масажерите можат да ја потврдат масажата само по изминување на зададеното време во тајмерот на Medicus
со што се активира краток звучен аларм.Со внесување на датумот и чекирање на масажата се завршува третманот и се архивираат податоците.
Просториите за останатите третмани (магнетна терапија ,ултразвук ,биоптрон ,ел.кревет и сл) имаат сличен модул на претходниот само што не се користи тајмер , туку вработените по завршувањето на третманот ја чекираат опцијата потврдување во Medicus , исто така се врши архивирање на податоците.
На крајот од работното време со помош на соодветната опција на Medicus се добива извештај за бројот на пациенти третирани во текот на денот со листање на нивните податоци,третмани и извештај за дневниот промет. Сите податоци автоматски се зачувуваат во архива.
|