За Дигитал Солушнс

Друштвото за информатичка технологија “Дигитал-Солушнс” се занимава со развој и имплементација на иновативни и практични софтверски, мобилни и веб решенија кои се наменети за олеснување и забрзување на работата на клиентот, ги намалуваат трошоците при работењето и го зголемуваат профитот.

Фирмата ви ги овозможува следниве услуги :

• анализа, дизајн и имплементација на бази на податоци
• развој на мобилни апликации (Android и iOS)
• развој и оддржување на софтверски решенија
• развој и оддржување на веб- базирани решенија
• развој на веб сајтови со CMS, веб апликации, е-продавници и веб портали за разни намени
• развој на мобилни решенија за угостителско и дистрибутерско работење
• развој на интернет решенија за осигурителни компании и брокерски куќи
• техничка и клиентска подршка
• преведувачки услуги

Дигитал Солушнс располага со динамичен, креативен и амбициозен тим кој е во постојан тек со новостите и барањата кај нас и во светот во областа на изработка на софтверски и мобилни решенија како и интернет решенија за мали , средни и големи компании.

Блaгодарение на досегашното искуство, кое постојано се надоградува, како и досегашната соработка со повеќе фирми од IT секторот сме во можност да предложиме и реализираме интернет и софтверски мрежни решенија изработени во најнови технологии за фирми,јавни и приватни претпријатија, здруженија и физички лица како средство за постигнување на однапред поставените цели и идеи.